Екипи на Општина Центар утре ќе ја почнат втората фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов".
Поради градежните работи кои ќе се изведуваат во втората фаза, се предвидува затворање на улицата „Орце Николов" од крстосницата со улицата „Ленинова" („Аминта Трети"), до крстосницата со улицата „Наум Наумовски – Борче".
Како што соопшти Општина Центар, во оваа фаза, улицата „Ленинова" („Аминта Трети"), останува двонасочна како и досега, а на останатите улици се задржува постојниот режим на сообраќај. Втората фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улиците „Осми Март" и „Коле Неделковски" поради слеп завршеток и немање можност за обезбедување пристап од друга страна.
-Целосната реконструкција на „Орце Николов" е поделена во шест посебни фази, од кои секоја опфаќа посебен дел од улицата. Реконструкцијата на улицата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски" до крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт", се вели во соопштението.
Целиот зафат на „Орце Николов" ќе опфати површина од вкупно 7.182 метри квадратни и ќе чини ќе чини 64.847.608,47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.