Само еден ден по одржувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на Пингпонгарската федерација на Македонија, се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествува најдобрите осум играчи од ранг-листата за сениори.

Во конкуренција на сениори Кристијан Станојковски уште еднаш докажа дека е најдобар и уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место.

Пласман на најдобрите тројца во машка конкуренција: 1.Кристијан Станојковски 2.Сашо Смолиќ 3.Филип Младеновски.

Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата. Свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана Младенова која со максимален учинок го освои првото место.

Најдобри три пингпонгарки: 1.Билјана Младенова 2.Амелија Уце 3.Ана Стојановска.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2021 00:20