Македонската ракометна репрезентација ќе биде составена од играчи само од домашното првенство, за претстојните два пријателски натпревари против Србија на гостински терен, одлучи денеска капитенот и селектор на националниот тим Кирил Лазаров.
Во составот на националниот Б тим, чие формирање неодамна го најави Лазаров, се повикани 35 ракометари од македонските прволигашки екипи за двомечот во Ниш, на 19 и 20 јуни.
Повикани ракометари: Марио Кизиќ, Даниел Ѓорѓески, Андреј Петковски, Васил Гогов, Михаил Аларов, Кристијан Симоновски, Марко Стојковиќ, Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски, Цветан Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Дарко Кондев, Иван Димитровски, Ненад Костески, Никола Стоилевски, Бојан Спасовски, Михајло Младеновиќ, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорѓовски, Марио Танкоски, Мартин Манасков, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Давид Савревски, Мартин Димовски, Игор Георгиев, Павле Атанасијевиќ, Марко Мишевски, Марко Митев, Иван Џонов, Мартин Ивановски, Тоше Ончев, Томче Стојановски, Христијан Крстаноски, Никола Цветаноски.