ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.
Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија на ул. Белградска, во должина од 1000 метри.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на оваа водоводна линија во согласност со ДУП-от за овој дел од градот со што се создавааат услови за оформување на циркуларен прстен, односно поврзување на два големи цевковода. Предвидената водоводна мрежа со дијаметар на цевка од 200мм ќе се протега по ул.„Белградска“ од крстосницата со бул.„Мајка Тереза“ до крстосницата со ул.„Димче Мирчев“, а со нејзината изградба и ставање во функција ќе се обезбеди подобрување на притисокот во мрежата што е неопходно за сегашните и идни корисници на вода“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е во вредност од околу 14.500.000,00 ден.