Седмиот светски рекет, Бјанка Андреску се повлече од турнирот во Стразбур откако ја победи Марина Заневскаја (6:1, 6:4).

– Среќна сум со денешната победа, но нема да го играм следниот натпревар бидејќи почувствував проблем со стомачните мускули и не сакам воопшто да ризикувам пред Ролан Гарос. Ништо не е сериозно, сепак морам да бидам претпазлива. Овде одиграв добро и задоволна сум со овие два натпревари пред Грен слемот во Париз, изјави Андреску.

По нејзиното повлекување, подобрата од мечот Сорана Кирстеј и Чан Шуаи ќе се пласира во полуфиналето без борба.

Оваа сезона, Андреку настапи на само четири турнири поради повреди и коронавирус. Има биланс од 11 победи и три порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 11:58