Во ЈЗУ Психијатриска болница “Скопје“, денеска свечено ќе биде пуштен во употреба комплетно реновиран болнички објект.

Објектот е со капацитет од 40 болнички кревети и е наменет за продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација на пациенти од машки пол со душевни растројства и пречки во развојот.

Сите градежни работи се реализирани како капитална инвестиција со сопствени средства од буџетот на болницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 09:44