Без вода денеска ќе бидат улиците „Карл Либнехт“, „Темко Попов“, „Анри Барбис“ и „Модест Мусогорски“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф 100 на улица „Благоја Стевковски“ и ќе трае до завршување со активностите.