Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, беа во посета во Општина Едемиш, Република Турција.

Како што информираат од општина Бутел, на средбите биле поставени темелите на културните и економските мостови и новите области на соработка.

– Гостите беа запознаети со активностите на Едемиш, која располага со една од најплодните почви во Турција што дава предност за органско производство, а тоа придонесува за развојот на еко-туризмот во последните неколку години. При посетата беше промовирано она што Едемиш го произведува и успешно го работи а тоа се областите за производство на украсни растенија и садници, индустријата за млечни производи како и туристичките убавини во областа – информираат од општина Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 13:40