Скопски Вардар со пораз стартуваше во Регионалната лига во бокс, откако синоќа, во премиерниот меч од новото натпреварување загуби на домашен терен од Лозница со 14:6.

Во вториот меч во рамки на групата А, боксерите на Железничар денеска ќе ги вкрстат ракавиците со екипата на Подгорица.

Мечот во Скопје меѓу Вардар и Лозница го означи стартот на новата Регионална боксерка лига во која учествуваат осум екипи од просторите на поранешна Југославија.

Двојките за првото коло во група Б се Витезови Загреб – Радник Бијелина (5 јуни) и Црвена ѕвезда – Марибор (29 мај).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2021 11:17