Пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб официјално е откажана и натпреварот во рамки на шестото коло од групата А во регионалната СЕХА ракометна лига што еднаш веќе беше одложен е регистриран со службен резултат 5:5.

Причина за ваквата одлука на комесарот за натпревари во СЕХА лигата, Марјан Начевски, како што е соопштено, е згуснатиот распоред во финишот на македонското и хрватското ракометно првенство.

Со оваа поделба на бодовите, извесно е дека ППД Загреб ќе го освои првото, а Еурофарм Пелистер второто место во групата.

Еурофарм Пелистер во август во четвртфиналето ќе се сретне со белорускиот првак Мешков Брест, а ППД Загреб го чека победникот од осминафиналето меѓу Вардар и Металопластика.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2021 12:23