Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер го продолжи денеска за уште една сезона договорот со црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ.

– Обновувањето на договорот со десното крило на црногорската репрезентација доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските простории следната недела, соопшти попладнево битолскиот прволигаш.

Триесетгодишниот Радовиќ веќе три сезони е во Битола, а со црногорската репрезентација за која досега одигра 51 натпревари, обезбеди пласман на Европското првенство во 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 00:35