Бен Винстон, режисерот на „Пријатели: Повторен собир“ ги отфрли гласините за наводното нарушено здравје на Метју Пери.
– Да, тој беше одличен. Луѓето понекогаш може да бидат „нељубезни“. Би сакал да не беа… Тој е брилијантно смешен човек и мислам дека имаше неколку одлични досетки во шоуто. Се чувствував среќен само зашто бев во негово присуство и го насочував кон вакво нешто, изјави Винстон.
Метју Пери (51), инаку призна дека неговата борба со злоупотребата на супстанции трајно влијаела на неговиот живот. Во разговор за „Би-би-си радио 2“ во јануари 2016 година, Пери рече дека не се сеќава на најмалку три години од „Пријатели“ и оти сѐ тоа му е избришано од паметот.
И Кевин Брајт, извршен продуцент и режисер на шоуто, исто така, во четвртокот, се осврна на шпекулациите за состојбата на Пери во разговор за „Холивуд рипортер“.
– …Луѓето го велат она што го велат. Немам што да кажам за тоа, освен – дека беше одлично да се видам со него. И мислам дека беше многу смешен во шоуто. Но, да – мислам дека е добро. Ми се чини посилен и поприбран од последниот пат кога го видов и, возбуден е што оди напред…, вели Брајт.
Ѕвездата на „Пријатели“ годиниве наназад беше искрен за неговата борба со пороците, особено за двете рехабилитации за време на серијата што се емитуваше меѓу 1994 и 2004 година. И самиот се понуди како пример и помош за зависници.