Без вода денеска ќе бидат корисниците од Батинци, соопшти јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето, како што посочуваат, е поради уличен дефект ф-80 мм на 7/8 Батинци.
– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:15 часот до завршување со санација на дефектот – наведуваат од претпријатието.