ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.
Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија во Бардовци, во должина од околу 1000 метри.
„Изградбата и поврзувањето на новата водоводна линија во должина од околу 1000 метри со полиетиленски цевки со дијаметар од 110мм и 90мм во Бардовци е дел од активностите кои се предвидени со инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната мрежа за корисниците во град Скопје“ - истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.