Без вода денеска од 10.40 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата „Рилски Конгрес” во Општина Центар.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација”, причината за прекинот е дефектот на ПП хидрант ф-80 мм на улицата „Рилски Конгрес” бр 56.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2021 11:48