Службите на Општина Чаир веќе неколку дена обележуваат пешачки премини на повеќе улици, особено пред образовните установи, основните училишта и градинките.

Се обележуваат пешачките премини на улиците: „Методија Митевски“, „Коста Абрашевиќ“, „Серава“, „Добри Даскалов“,„Ариепископ Доситеј“ и „Струмичка“.

-Акцијата ќе продолжи и во наредните денови и има за цел да овозможи побезбедно движење на нашите граѓани и деца, соопшти Општина Чаир.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2021 15:08