Екипата на Еурофарм Пелистер пред вечерашниот натпревар од 13. коло во ракометниот плејоф со пригодна церемонија и свечени подароци го испрати во нова средина својот досегашен капитен и голман Градимир Чаневски.
На капитенот на битолскиот прволигаш му истече важечкиот договор, а на негово место Еурофарм Пелистер веќе го ангажираше поранешниот голман на Вардар 1961, Марио Кизиќ.
Мечот против Охрид е последен во дресот на Еурофарм Пелистер и за Невен Стјепановиќ и Дарио Петровски, а како слободен играч клубот го напушта и Марин Вегар.
Клубот им се заблагодари на професионалноста и залагањето, посакувајќи им успехот во натамошниот тек на кариерата.