[photo]

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 12:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер и Долно Количани, Општина Студеничани.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Ванчо Мицков", Општина Карпош.


Без струја утре општините Студеничани, Карпош и Ѓорче Петров

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „22" во селото Волково, Општина Ѓорче Петров.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2021 12:05