Реконструкцијата на улиците „Драмска" и крак на „Тасино Чешмиче", на Водно во Општина Центар започна и на вкупна површина од 1.129 метри квадратни ќе биде заменет стариот и оштетен со нов асфалт, информираат од Општина Центар.

Двата реконструктивни зафати се дел од летната градежна офанзива на Општина Центар, која ќе опфати 14 сервисни општински улици, како и обновувањето на улицата „Орце Николов".

Од општината, исто така, информираат дека привршува асфалтирањето на улиците 164, 166 и Хусеин Бајрам во населбата Крњево, а во тек е реконструкцијата на крак од улицата „11 Октомври", кај Билна аптека.

До крајот на летото, од општинаат информираат дека е планирано да се реконструираат уште други осум улици.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2021 16:22