- Нашите напори и преписки со државните институции не вродуваат со плод. Средбите со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не го дадоа посакуваниот резултат, велат од иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров.
Оттаму за во недела најавуваат нови протести.
- Урбаната мафија е толку силно вмрежана и вгнездена во институциите и тие што ги водат, за да секое барање заврши во лавиринт и топката се префрлува од едно на друго место без конечен епилог.
Хром се претвори во непрепознатлива населба, слична на Дебар Маало. Се создаде огромен "кинески ѕид" од згради долж главната улица, чии инвеститори се однесуваат дрско и насилно. Општината, инспекторите не реагираат. Планот дозволува изградба на згради на секое ќоше и е пуштен во најсилен интензитет за изградба.
Немаме друга опција освен протести и блокади.
Ве известуваме дека ќе одржиме БЛОКАДА на главната улица веднаш по кружниот тек кај СП Планет, за да се спротиставиме на урбаното дивеење.
Бараме средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски која ќе се одржи директно на блокадата ! Недела (06.06.2021) во 12 часот ! ПРОТЕСТ !, стои во соопштението на иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров.