Вработените во администрацијата на Општина Аеродром денеска учествуваа во масовната акција за чистење по повод 5 Јуни, Денот на животната средина.
Во акцијата беа вклучени и работниците задолжени за одржување на хигиената во општината, а беше опфатен регионот околу Реонски центар.
„Покрај вклученоста на администрацијата во одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, денеска засадивме и нови 350 садници со висока и ниска вегетација во паркот на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром, со што ја надминавме бројката од 20.000 садници засадени на територијата на Општина Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Целта на оваа масовна акција е подигнување на јавната свест за здрава животната средина.