За пет сантиметри денеска е понизок водостојот на Вардар кај Велес во однос на вчера, а за четири сантиметри кај Јегуновце и Демир Капија, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Понизок водостој денеска имаат и реките Треска, Бабуна, Струмица и Црна Река кај Новаци.
Повисоко е нивото на Брегалница кај Берово за четири саниметри, на Радика за два сантиметри и на Црн Дрим за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден.
Кај езерата нема некои поголеми отстапувања.