Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, заедно со министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денес го означија почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа на четири улици од населбата Серава: „Јахја Паша“ („Солунска “) и нејзините кракови, во должина од 335 метри; „Ковачка“, во должина од 215 метри; „Рифат Бурџевиќ“, во должина од 275 метри и улицата „Кумбара“ со кракови, во должина од 160 метри.

За реконструкцијата на овие улици, Општина Чаир од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди средства во износ од над 300.000 евра.

Градоначалникот на Чаир, Ганиу ја објави и веста дека се обезбедени и над 1 милион евра за населбата Серава, преку алокација на средствата од ТАВ, со кои во рок од 3-4 месеци целосно ќе се реконструира водоводната и фекалната канализациона мрежа на многу други улици на ова населба, каде живеат над 20 илјади жители.

Ганиу потсетува дека пред неколку недели беа обезбедени и 650 илјади евра од Проектот за подобрување на општинските услуги - МСИП 2, за реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација во 6 улици од населбата Дижонска.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 14:24