Ревакцинацијата на граѓаните со кинеската вакцина „Синофарм“ се одвива без пречки на пунктот во штипската сала „Јордан Мијалков“. Дијана Коцева- Миланова, лекар на вакциналниот пункт за МИА вели дека вчера се пристигнати 4.800 вакцини на „Синофрам“ кои се наменети за втора доза.

-Досега имаме ревакцинирано над 12.000 граѓани од источниот и југоисточниот регион. Овие вакцини кои ги добивме се за закажани пациенти за ревакцина, односно за втора доза, вели Коцева-Миланова.

Посочи дека засега немаат насоки и информации за аплицирање на прва доза на вакцини. Инаку во саботата имале аплицирано 200 дози на „Фајзер“ на пациенти и тоа прва доза. Дијано Коцева-Миланова вели дека немаат проблеми на пунктот и имунизацијата на населението се одвива без проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 14:54