Паркот на рударите во Македонска Каменица доби нова урбана опрема. Според планираните активности, како што додадоа од Општината, во наредниот период урбана опрема ќе биде поставена долж централното градско подрачје.

– Општина Македонска Каменица започна со поставување на урбана опрема на повеќе локации во градската средина. Во рамки на активностите поставени се нови клупи и канти за отпадоци во Паркот на рударите. Во текот на наредните денови ќе бидат поставени дополнителен број на клупи и канти за отпадоци долж главната градска улица и на просторите пред институциите во градот, информираа од Општината.

Во меѓувреме, како што додадоа, интензивно течат градежни работи за реконструкција на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица.

– Градежните работи за реализација на оваа активност се спроведуваат согласно Договорот за бетонски работи и партерно уредување, кој покрај реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион опфаќа и уредување на повеќе пристапни патеки, тротоари и останати јавни површини, додадоа од Општината.

Посочија дека поставувањето урбана опрема во понатамошниот период е планирано и во останатите делови од градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 15:08