Во петте основни училишта во Штип досега се запишани 310 првачиња, а според матичната евиденција треба да има 551 прваче. Разликата се јавува затоа што се евидентираат и децата со македонско државјанство родени во странство.

Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип истакна дека оваа бројка ќе се зголеми, бидејќи имаат и барања од родители, кои сакаат своите деца да ги запишат во други училишта, а не во реонското, што им е определено.

– Немаме некое драстично отстапување на бројките на запишани првачиња, во споредба со изминатите три или четири години. Кога ќе бидат разгледени барањата на родителите, тогаш ќе ја имаме конечната бројка за Општина Штип, вели Казанџиска.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 16:05