ЈП Лајка Скопје континуирано вложува во едукација и надградување на знаењата на своите вработени. Во таа насока, тимот на прифатилиштето на ЈП Лајка зема учество на Обуката за компетентност за спроведување на тест за социјализација на кучињата одржана на 07 јуни 2021 на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Обуката која беше поделена на теоретски и практичен дел ја изврши експерт ДВМ Дуња Ковач, бихевиорист од Кинолошката Академија од Белград.

Тимот на ЈП Лајка успешно ја помина обуката, за што говорат и позитивните резултати од тестовите. Вложувањето во едукација е важен фактор во градењето квалитетни кадри кои дополнително ги мотивираме успешно да ја извршуваат својата работа и да имаат привилегија да ја добијат довербата од најдобриот пријател на човекот.

Практичниот дел од обуките се изведуваше со 8 бездомни кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, кои успешно го имаа поминато тестот за социјализација.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2021 15:25