Во организација на здружението Гоу Грин-Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа на тема „Важноста и потребата од примарната селекција во нашиот систем на управување со отпад во Град Скопје”.

Расправата е дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), што го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

Целта на оваа расправа е да се дискутираат за обврските на општините што ги имаат според Член 26 од Законот за постапување со амбалажен отпад, која е состојбата и кои се моделите за примарна селекција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2021 10:32