Компанијата за прилагодување автомобили, „Либерти вок“ (Liberty Walk) во последно време работи на пре-дизајнирање теренци, како што се виде и кај „Џип ранглер“… А, сега во средиштето на вниманието е „Сузуки џимни“.

Се работи за мал џип за којшто некои и досега сметаа дека е „мала верзија“ од „Мерцедес-Бенц“ Г-класата. „Либерти вок“ само ја прошири палетата додатоци за овој модел на „Сузуки“.

Новиот пакет е инспириран од класичниот џип од Штутгарт, особено кога станува збор за предната решетка, односно онаа за ладилникот и предниот браник. Сличноста е видлива отстрана. Во понудата ќе има и спојлер на покривот, хауба од карбонски влакна и продолжетоци на калниците.

Измените и прилагодувањата чинат помеѓу 3.200 и 6.500 американски долари.

Во внатрешноста автомобилот може да биде обложен со кожа, специјални душеци, карбон, тапацирани кожни седишта со контрастна нишка и многу повеќе. Новите светла и издувниот систем од не’рѓосувачки челик исто така се дел од понудата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2021 01:14