Британскиот принц Хари ја споделил првата фотографија од неговата тукушто родена ќерка, на „чет-порака“, со неговата снаа – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, а не со брат му, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, пренесуваат западните медиуми.
Како што пишува „Јаху ентертејнмент“, многумина се надеваат дека малата Лилибет Дијана, со кралската грациозност на нејзината прабаба и шармот на баба ѝ, „ќе гради нови мостови“ во кралското семејство.
Нејзиното име, инаку е спој од прекарот на кралицата Елизабета Втора и името на мајката на принцот Хари, покојната принцеза Дијана.
Сликата не е јавно објавена.