Американскиот глумец Џорџ Клуни започна едукативна програма во Лос Анџелес, со цел помош на средношколците кои се во неповолна положба за професија во филмската индустрија.

Програмата ја спонзорираат Клуни, Ева Лонгорија и Дон Чидл, а таа ќе започне есента 2022 година. Првично ќе биидат опфатени ученици на возраст од 14 до 16 години кои посетуваат средно училиште во Лос Анџелес.

Според Клуни, програмата подоцна ќе биде проширена и на други јавни училишта во истиот град. Средношколците, вели тој, ќе научат, меѓу другото, и за техниките на камерата, монтажата и на визуелните ефекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2021 11:30