Црвен крст во соработка со Град Скопје од утре ќе започне со теренски активности во насока на справување со најавените топлински бранови. Согласно искуства од претходните години, од Црвениот крст информираат дека мобилните екипи составени од волонтери од тимот за одговор при катастрофи од петте општински организации во Скопје, ќе патролираат низ градот и ќе дистрибуираат вода и информативни летоци наменети за граѓаните.

Од Црвен крст соопштија дека ќе бидат ангажирани 16 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Почнувајќи од утре, па се до 25 јуни мобилните тимови имаат предвидено дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри на дневна основа



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2021 14:55