Привршува хортикултурното уредување на урбаниот парк „9 Мај“, кој почна да се гради по повод на Денот на Европа, соопшти денеска Општина Аеродром.
Паркот се гради според сите современи стандарди, а со цел, како што посочуваат, да ги задоволи потребите на граѓаните и нивното урбано живеење. Во рамки на овој парк има спортско и детско игралиште, патеки, клупи за одмор, како и хортикултурно уредување.
– Горди сме што ги практикуваме европските вредности и работиме на подобрување на еколошките стандарди, урбаното живеење и поквалитетниот начин на живот на граѓаните, вели во пишана изјава градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин. Тој додава дека е среќен што едно напуштено место, полека се претвора во прекрасно уреден парк.