Британскиот глумец Идрис Елба и неговата сопруга Сабрина остварија соработка со дизајнерот на чевли, Кристијан Лубутин. Средствата собрани од нивната колекцијата „Изоди милја во моите чевли“ ќе бидат дарувани на пет хуманитарни организации, пред сѐ – за помош на Афроамериканците.
Идрис и Сабрина Елба, во една прилика на Инстаграм разговараа во живо со еден од основачите на движењето „Животите на црнците вредат“ – Опал Томети. Тие разговараа и за убиството на Џорџ Флојд, а Лубутин, следејќи го разговорот, дошол до идејата за соработка со цел помош за Афроамериканците.
Реченицата „Изоди милја во моите чевли“ е посветена на афроамериканскиот народ. Билката популарно наречена „Златото на Мандела“ (инаку – Strelitzia reginae), исто така е нацртана на патиките и потпетиците. Таа ги симболизира емпатијата, надежта и слободата, а е наречена по Нелсон Мандела.
Колекцијата, инаку вклучува и торба.
Организациите што ќе ги добијат средствата собрани од продажбата на оваа колекција се: „Би Роуз“ (којашто им помага на вдовците околу вработувања во земјоделскиот сектор), „Пурпосфул“ (за менторски програми за девојки во опасност), „Имидијат тиатр“ во Лондон (којшто се залага за уметноста да биде достапна за сите), „Сомалиска надеж“ (која обезбедува образование за сиромашните деца) и „Собир за правда“ (којшто се бори против расизмот и насилството врз деца).