Триесет дела на млади сликари, кои се дел од ликовната работилница, денеска онлајн беа изложени на годишната изложба што традиционално по шести пат ја организираше Пионерскиот дом од Гевгелија.

Раководителката на работилницата, ликовната уметничка Мирјана Крстева Массетти, истакна дека чувствува задоволство и привилегија што се занимава со иднината, затоа што за неа иднината се децата.

– Годинава архитектурата на времето во кое живееме беше некаков необичен формат.Остана бескрајна само фантазијата на овие исклучително талентирани мали уметници со кои запознав свет во кој не ја живеам сегашноста,туку го гледам неговиот потенцијал и верувам во идните достигнувања на децата, истакна Крстева Массетти.

Додаде дека и понатаму ќе продолжи да ја поттикнува нивната креативност со цел да ги стимулира децата да ја истакнат својата индивидуалност и да бидат свои барем во еден сегмент од животот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 14:10