Поранешниот италијански селектор и до неодамна тренер на Интер, Антонио Конте, верува дека Азурите можат да ја освојат титулата на ЕУРО2020, а меѓу кандидатите за европски првак ги вброи и Франција, Белгија и Германија.

– Мислам дека никој од аутсајдерите нема да го освои Европското првенство. Кандидати за титулата се Франција и Германија, кои имаат моќен играчки кадар и искуство. Тука е и Белгија, но под услов Кевин Де Брујне и Аксел Витсел да бидат во топ форма. И. секако, Италија, изјави за италијанските медиуми Конте, кој минатата сезона ја свои шампионската титула во Серија А со Интер, по што неочекувано замина поради несогласувања со клупското раководство.

– Непосакувано, пред мене е година без обврски која ќе ја искористам да бидам повеќе со семејството и да гледам повеќе натпревари. Нема залудно да ја потрошам, бидејќи фудбалот постојано напредува и морам да бидам во чекор со новитетите, додаде Конте.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 20:49