Со два нерешени исхода во третото коло од Х-групата, завршија натпреварите од групната фаза на Европското фудбалско првенство 2020.

Вечерва во дербито одиграно во Будимпешта, Франција и Португалија одиграа 2:2.

Со истиот резултат заврши средбата во Минхен, Германија – Унгарија.

По овие резултати Франција е прва со пет бода, Германија и Португалија имаат по четири, Унгарија е елиминирана како последнопласирана во групата со два освоени бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 00:38