Долгоочекуваната проштална турнеја на Елтон Џон е продолжена со бројни нови датуми планирани за во Европа и Северна Америка.

Популарниот „Рокетман“ (74) додаде уште неколку концерти во Велика Британија и дополнителни шест во Европа, проследени со уште 20 концерти на стадионите низ САД и Канада. Турнејата „Збогум на патот со жолти плочи“ (Farewell Yellow Brick Road), што започна во 2018 година, во САД ќе заврши на стадионот „Далас“ во Лос Анџелес, местото на неговите легендарни настапи 1975 година, облечен во сјајна бејзбол-униформа.

– Ќе се појавам на најспектакуларен можен начин. Едвај чекам да ве видам сите за последен пат!, напиша пејачот на Твитер.

Многу од првичните 300 концерти мораа да бидат одложени поради пандемијата и беа одложени за крајот на 2021 година. Засега последните настапи се закажани за Оукланд, Нов Зеланд – на почетокот на 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 11:16