Децата од населбата Серава во општина Чаир добија ново игралиште.
-Децата од сега имаат уште едно модерно катче, каде што тие можат да се забавуваат без грижи и со многу радост, велат од општина Чаир.
Општината целосно го модернизира и реновира детското игралиште на раскрсницата од улиците „Ахмет Хајдари“ и „Серава“.
-Во овој детски агол поставени се нови реквизити, нов гумен под, нова ограда. Целта на оваа модернизација е да имаме побезбедни и посреќни деца. Општина Чаир ќе ги продолжи ваквите активности и во другите нејзини населби, велат од општината.