Викендов во месноста Краста во Општина Сопиште се изврши чистење на отпад на местото каде што бадникарите секоја година ги извршуваат своите активности и го берат бадникот.

Како што информираат за акцијата, исчистена е површина од околу 5000 метри квадратни, а собраниот отпад е селектиран на пластичен, стаклен, конзерва и е положен во специјални контејнери за таа намена. Бадникарите поставија и рустикален билборд со порака за заштита на животната средина на патот кон езерото Козјак.

-Да ја заштитиме природата. Пораките кои Бадникарите ги испишаа и ги поставија на паното во месноста Краста се надеваме дека ќе наидат на разбирање кај љубителите на природата и отпадот нема да го фрлаат туку ќе си го понесат со себе и ќе го остават во соодветните контејнери за рециклирање на истото, како што направивме ние денес, порачуваат бадникарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2021 15:16