Во тетовската полиција во текот на вчерашниот ден се пријавени два поголеми пожари на обработливо земјиште во реоните на селата Стенче и Радиовце.

Нема повредени лица, а пожарите се локализирани и изгаснати од тетовската територијална противпожарна единица.

-Во 13 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во атарот на тетовско Стенче, во месноста „Каменица", покрај главниот пат под селото. Опожарени биле неколку површини насеани со пченица и јачмен, како и сува трева, сопственост на седум лица од ова село, Гостивар и Тетово. Во 17 часот и 15 минути, во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во атарот на тетовското село Радиовце, во кој горела слама и ожнеан јачмен, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид на две места извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 12:58