Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, в недела на 12 мај, ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Избор на највелигденско јајце“ во организација на драмското студио „Миладин“.

На изборот за највелигденско јајце, според Ристе Миладинов, може да учествува секој граѓанин без разлика на пол и возраст.

Ден претходно, како што појасни, во Центарот за култура, ќе има отворена работилница каде што децата ќе можат да ја изразат својата креативност и да декорираат велигденски јајца со кои ќе учествуваат на изборот.

- Отворената работилница ја организираме за да дадеме можност за креативност кај најмладите на отворено, а во конкуренција влегуваат и декорирани јајца кои учесниците ќе ги донесат од дома, вели Миладинов.

Покрај највелигденско јајце, додаде, ќе се избира и најдобра песна, најдобар состав и најдобар цртеж.

Пристигнатите експонати ќе бидат изложени во Центарот за култура, а програмата треба да продолжи со беседа на отец Стефан Санџакоски и настап на хорот „Калистрат Зографски“. За љубителите на драмската уметност, членовите на драмското студио „Миладин“ ќе ја одиграат претставата „Бог е љубов“.

- Станува збор за кратка, петнаесет - минутна претстава што ја изработивме по повод големиот празник Велигден. Симболичен драмски сегмент со кој ќе ја збогатиме оваа традиционална манифестација, изјави режисерот Ристе Миладинов.

Настанот ќе заврши со доделување на награди за најдобрите



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2024 14:54