Во Здравствениот дом во Македонски Брод привршува ревакцинацијата на граѓаните со кинеската вакцина „Синофарм“, а од 26 започна ревакцинацијата со британската„ Астра Зенека“ и за денеска се очекува во овој град да пристигнат првите 200 вакцини на „Синовак“, потврди Жарко Симески директор на Здравствениот дом.

-Во нашиот Здравствен дом финишира ревакцинацијата на граѓаните кои претходните три недели примиле вакцина на кинески Синофарм. Исто така од 26 овој месец започнавме со ревакцинација на пациентите кои пред 12 недели ја примиле првата вакцина на Астра Зенека, а се работи за 220 граѓани. Додека ревакцина на кинеската Синофарм досега примиле безмалку 300 лица, кои претходно беа вакцинирани. Покрај овие 520 граѓани кои наскоро ќе бидат целосно ревакцинирани, во нашата општина имаме повеќе од 400 граѓани кои се ревакцинирани, а се имунизирале во регионалните пунктови во Битола или Скопје.Се работи за лица вработени во здравството, полицијата, образованието и од други дејности, вели директорот Симески.

Досега во оваа општина се вакцинираа граѓани на возраст до 56 години . Од утре се очекува старосната граница да биде спуштена на пониско ниво, за да се опфати што поголем дел од помладата популација.

-Од утре во Здравствениот дом ќе продолжи вакцинација на помладата популација од 56 години со кинеската вакцина Синовак. За почеток денеска очекуваме да пристигнат 200 вакцини. Бидејќи на залиха во Министерството за здравство има доволен број на вакцини, очекуваме наредните две до три недели да бидат вакцинирани поголем број наши сограѓани чија возраст ќе биде далеку под денешната граница, додаде Симески.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 13:02