Роберт Саки, глумецот кој толку многу наликуваше на легендарниот Хемфри Богарт, што и глумеше во комедијата „Човекот со лицето на Богарт“, починал на 23 јуни во Лос Анџелес по кусо боледување, според гасноговорникот на семејството. Тој имаше 89 години.

Актерот роден во Рим, Италија, а израснат во Бруклин (Њујорк), САД, глумеше слични улоги како оние на Богарт, како и самиот лик на Богарт, во 24 филмови, ТВ-серии и видеоспотови, па и неколку реклами. Можеби најпознатата улога му е онаа во музичкото видео на Фил Колинс од 1990 година за песната „I Wish It would Rain Down“.

Koгa не го глумеше Богарт, Саки се појави во „Преку 110-та улица“ и „Умри машки 2“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2021 15:46