Без вода денеска од 9:00 часот се корисниците од улицата „Фуштанска“ бр.112 во Општина Гази Баба.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100мм на улицата „Фуштанска“ бр.112.
Исто така, без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улиците „2“ и „4“ во Долно Лисиче. Прекинот е поради уличен дефект ф-100мм на 4/4 Долно Лисиче.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.