Во јунскиот уписен рок, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се запишале вкупно 174 ученици од кои најмногу, поточно 60, се запишале во гимназиското образование, соопштија денеска од гимназијата по објавувањето на ранг листата.

Со 23 запишани, од вкупно 25 расположливи места, речиси е пополнета и новоформираната паралелка за физиотерапевти и гинеколошко акушерски сестри, за економски техничари се запишале 35 ученици, за хотелско туристички техничари 23, за готвачи и келнери 10 и 21 ученик во паралелката за машинки техничар за моторно возило.

Според конкурсот, во 10 паралелки на СОУ „Јосиф Јосифовски“ по јунскиот останаа непополнети уште 112 места од кои најмногу, односно 102 во три паралелки од гимназиското образование и една билингвална паралелка на македонски и француски јазик со 34 ученици.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2021 18:22