Еден од најдобрите стрелци во суперлигата последните неколку години е нов играч на Голден Арт КЛ7.

Во клубот очекуваат Илиев, кој покрај задачите како играч кој треба да биде пример за младите како на тренинг така и на самите натпревари, да ја има улогата на помошник на шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески подготвувајќи се за својата следна улога во ракометот.

– Ентузијазмот на луѓето во клубот, амбициите кои ги има клубот во следните години и политиката на развој на младите играчи и млади тренерски кадри беа доволна причина за мене како искусен играч, да се одлучам да пристапам кон Голден Арт КЛ7. Матлиески како тренер и човек исклучително го ценам, со постоечкиот играчки кадар и со тоа што се планира како надградба очекувам клубот експресно да се врати во суперлигата. Верувам дека ќе пренесам дел од моето искуство на младите играчи во клубот, а од друга страна ќе имам што да научам од првиот тренер на кој ќе му помагам во работата” – изјави Илиев при потпишувањето на договорот со претседателот на клубот, изјави Сашко Даев од управата на Голден Арт КЛ7.

Во новата сезона Голден Арт КЛ7 ќе се натпреварува во Првата лига со амбиции повторно да избори учество вои Суперлигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2021 19:28