Културно уметничкото друштво „Брвеница“ денеска е домаќин на фолклорните средби „Брвеница игра и пее“, на кои покрај домаќините ќе настапат уште шест други друштва и ансамбли.

Манифестацијата ќе се одржи на отворено во дворот на основното училиште „Коста Рацин“ во тетовска Брвеница.

-Ќе настапат фолклорен ансамбл Ораовица, ГКУД „Браќа Гиноски“-Гостивар, КУД „Бранко Чајка“-Тетово, КУД „Младост“-Кичево, КУД „7 Септември“-Македонски Брод и КУД „Брвеница“-Рашка, Србија, информираа од КУД „Брвеница“.

Настапите на културно уметничките друштва и ансамбли започнуваат од 16 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2021 13:19