Глумецот Брендан Фрејзер се појави на премиерата на „Без ненадејни потези“ (No Sudden Moves) во Њујорк, па многумина коментираат дека тој е непрепознатлив и физички многу променет од времето на неговата најголема филмска слава.

Во 90-тите, Фрејзер беше филмска ѕвезда и секс-симбол… Сепак, во средината на следното десетлетие, откако го достигна врвот на својата кариера, тој целосно исчезна од Холивуд.

За него, деновиве се најавува дека ќе глуми човек со голем вишок килограми, во новиот филм „Кит“ во режија на Дарен Аронофски. Наводно, холивудскиот глумец се здебелил за потребите на улогата. Сликата е на фотографот Џим Спелман.

Фрејзер во интервју од 2018 година раскажуваше дека Холивуд „го ставил на црната листа“, откако бил сексуално нападнат од поранешниот претседател на Холивудската асоцијација на странски новинари, Филип Берк. Тој наводно, го нападнал Фрејзер во хотелот „Беверли Хилс“ во 2003. и тој настан бил причина за депресија кај глумецот. Потоа, тврди Фрејзер, ретко бил покануван на доделувањата на Златен глобус, чиј домаќин е Асоцијацијата. Ѕвездата од „Мумија“ е уверен дека тој случај го принудил да се повлече од јавниот живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2021 17:03