Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 најави формирање кадетска екипа за новата сезона чиј тренер ќе биде легендарниот Пепи Манасков.

-За новата сезона екипата на Вардар 1961 ќе формира екипа на момчиња родени 2006/07, кои ќе бидат дел од младинските категории на тимот и ќе тренираат заедно со македонската ракометна легенда Пепи Манасков, соопшти попладнево клубот.

Пријавувањето ќе трае до 15 август, а тренинзите ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 01:33